Израелската војска тврди: Нападнат ирански нуклеарен објект кај Техеран

Израелската војска тврди: Нападнат ирански нуклеарен објект кај Техеран

пред 4 часа

Израелската војска соопшти дека извршила напад врз ирански нуклеарен објект во близина на Техеран.

Според Израелските одбранбени сили (ИДФ), станува збор за комплексот Талеган, кој бил погоден во воздушни напади на израелското воено воздухопловство во последните неколку дена.

ИДФ тврди дека на таа локација Иран развивал напредни експлозиви и спроведувал чувствителни експерименти поврзани со проектот AMAD, за кој Израел тврди дека е тајна програма за развој на нуклеарно оружје.

Израелската војска наведува дека комплексот веќе бил цел на израелски напад во октомври 2024 година, по иранскиот ракетен напад претходно истиот месец.

Според ИДФ, неодамна било утврдено дека Иран почнал со обнова на објектот, а последниот напад е дел од пошироки операции насочени кон слабеење на иранските нуклеарни капацитети.

Фото: Depositphotos

Текстот Израелската војска тврди: Нападнат ирански нуклеарен објект кај Техеран е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top