Одбранбените сили на Израел (ИДФ) објавија фотографии за кои тврдат дека покажуваат операција на специјалните сили во болницата „Ал Шифа“, најголемата болница во Газа.
Израелската армија рано утринава објави дека спроведува прецизна и насочена операција во болницата „Ал Шифа“ додавајќи дека во болничкиот комплекс влегле со копнени сили и тенкови.
Во соопштението додаваат дека во болницата донеле медицински материјали, храна за бебиња и инкубатори. Автентичноста на фотографиите објавени од ИДФ сѐ уште не е потврдена.
Израел тврди дека Хамас ја користи болницата за воени цели, а исламистичката група, одговорна за масакрот на речиси 1.400 Израелци пред пет недели, тврди дека тоа не е вистина.
Хамас јавува дека во болницата има 650 пациенти и меѓу 5 и 7 илјади за кои наведуваат дека се опколени и под постојан оган од израелски снајперисти и беспилотни летала. Исламистичката група тврди и дека 40 пациенти, меѓу кои три бебиња, починале во болницата во изминатите неколку дена поради недостиг на гориво, вода, храна и медицински материјали.
Текстот Израел објави фотографии: „Ова се специјалците што упаднаа во најголемата болница во Газа“ е превземен од МАКФАКС.