Израел по бомбардирањето: Тел Авив во урнатини, децата сами на улица

пред 3 години

Судирите меѓу израелските и палестинските сили продолжија утрово, а по ескалацијата на насилството и крвавите конфликти, Израел прогласи вонредна состојба во градот Лот.

Сирените кои предупредуваат на ракетниот напад се огласија во Тел Авив во раните утрински часови, а во градот се слушнале неколку експлозии, само неколку минути откако припадниците на Хамас од Газа рекоа дека испукале 110 ракети кон Тел Авив, како одговор на израелскиот воздушен напад во кој беше уништен солитер од 13 ката во Газа.

Израел посочува дека нивните авиони собориле и убиле неколку разузнавачки лидери на Хамас рано утрово, откако извршија стотици воздушни напади врз Газа.

Палестинските сили потврдија дека истрелале стотици ракети кон Тел Авив по израелскиот воздушен напад во Појасот Газа, а израелската армија соопшти дека ги гаѓале милитантите во Газа како одговор на ракетните напади врз Ерусалим и другите области, пренесува „Ројтерс“.

Една висококатница во Газа беше срушена, а друга беше сериозно оштетена откако беше погодена неколкупати во израелските воздушни напади.

Здравствените власти во Газа потврдија 32 жртви, но радиостаница поврзана со Хамас подоцна објави дека уште три лица, вклучително и една жена и дете, биле убиени нешто пред два часот по полноќ во израелски воздушен напад.

Share
Scroll to Top