Спасувачите пронајдоа тела на 20 патници од паднатиот авион во Непал

пред 2 години

Спасувачите во Непал пронајдоа тела на 20 од вкупно 22 патници на малиот авион што се урна во оддалечен северозападен регион во неделата, изјави денеска претставник на службата за цивилна авијација во главниот град Катманду.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Во тек се напори за транспорт на телата на жртвите во Катманду“, изјави за „Ројтерс“, Текнат Ситаула, портпарол на меѓународниот аеродром „Трибуван“ во главниот град на Непал.

Четворица Индијци, двајца Германци и 16 Непалци биле патници на DHC-6-300 Twin Otter, сопственост на приватната компанија „Тара Ер“, потврдија државните власти.

Малиот авион полетал од туристичкиот град Похара, 125 километри западно од главниот Катманду кон Џомсом и бил во воздух околу 20 минути пред да се изгуби контактот меѓу леталото и контролата на летање.

Share
Scroll to Top