Институт Пастер: Врвот на инфекции и хоспитализации ќе се постигне во средината на јануари

пред 5 години

Францускиот институт Пастер предвиде дека врвот на бранот на инфекции со новиот сој омикрон ќе се случи до средината на јануари, по што ќе следи врвот на приеми во болница во втората половина на јануари.

Француското Министерство за здравство вчера потврди дека во изминатите 24 часа се регистрирани повеќе од 278.000 нови инфекции, што е пад од 6 отсто во однос на една недела претходно и првиот пад на неделна основа оваа година, пренесува Ројтерс.

Бројот на заболени од Ковид-19 во француските болници се зголемил за 888 за еден ден, вкупно 25.775, соопшти денеска француското Министерство за здравство.

Share
Scroll to Top