Иранската влада бара Сеул да ѝ врати 7 милијарди долари откако заплени јужнокорејски танкер

пред 6 месеци

Иранската влада жестоко го критикуваше Сеул за „замрзнувањето“ 7 милијарди долари ирански средства без основа, но тврди дека тоа не е поврзано со запленувањето на танкерот под јужнокорејско знаме во Персискиот Залив, пренесува РТ.

Зборувајќи во вторникот, портпаролот на иранската влада, Али Рабиеј изјави дека Јужна Кореја е виновна за заложништво, а не за Иран.

„Навикнавме на ваквите обвинувања, но ако има заложништво, тогаш за тоа е одговорна владата на Кореја која без основа држи 7 милијарди долари што ни припаѓаат нам”, рече Рабиеј.

Иранските медиуми објавија дека Сеул замрзнал неколку милијарди долари ирански пари и одбил да му ги префрли на Техеран под изговор дека ги почитува санкциите на САД врз Иран.

Рабиеј тврди дека иранското запленување на танкерот под  јужнокорејско знаме понеделникот било затоа што танкерот ги прекршил протоколите за животната средина, и дека тоа нема никаква врска со парите што Сеул ги држи.

Во понеделникот, танкерот „Ханкук Чеми“, кој плови под јужнокорејско знаме и кој, наводно, превезувал 7.200 тони нафтени производи, бил запленет од Иранската револуционерна гарда во Персискиот Залив. Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека ќе ја испрати својата единица за борба против пирати „Чеонге“ на местото каде што бил запленет бродот.

Share

KissAnime kiss x sis kissanime: Attack on Titan Episode 25

AnimeFreak anime websites: High-Rise Invasion Episode 12

Scroll to Top