Ирански беспилотни летала паднаа во Азербејџан, Баку распоредува војници по иранската граница

Ирански беспилотни летала паднаа во Азербејџан, Баку распоредува војници по иранската граница

пред 6 часа

Ракети и беспилотни летала лансирани од правец на Иран паднаа утрово на територијата на аеродромот во азербејџанската енклава Нахчиван и предизвикаа пожар, изјави за Ројтерс извор близок до азербејџанската влада.

Меѓународниот аеродром Нахчиван се наоѓа на околу 10 километри од границата со Иран.

Нахчиван е политички автономна копнена енклава на Азербејџан, географски одвоена од остатокот од земјата, граничи со Ерменија, Иран и Турција.

Според локалните медиуми, Азербејџан распоредува противвоздушна одбрана и масовни воени сили во близина на иранската граница.

Азербејџан го зголеми своето воено присуство на границата со Иран и стави дел од својата армија во зголемена борбена готовност.

Единиците беа преместени во пограничните области, а воените одмори беа откажани.

Во услови на нестабилност на Блискиот Исток, Баку се подготвува за најлошите сценарија со распоредување системи против беспилотни летала и зајакнување на своите јужни граници.

Според локалните медиуми, азербејџанската команда издала итна наредба за зајакнување на одбраната во јужниот правец, бидејќи ситуацијата по должината на границата долга повеќе од 700 километри станува сè потензична.

Текстот Ирански беспилотни летала паднаа во Азербејџан, Баку распоредува војници по иранската граница е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top