Иран: Не планираме да го затвориме Oрмутскиот Теснец

Иран: Не планираме да го затвориме Oрмутскиот Теснец

пред 4 часа

Иран засега не планира да го затвори Oрмутскиот Теснец по нападите на САД и Израел, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи во интервју за „Ал Џезира“.

„Во оваа фаза не планираме мерки што би ја нарушиле пловидбата“, изјави тој.

По ескалацијата на конфликтот, дел од бродските компании и осигурители го суспендираа транзитот низ теснецот.

Преку Oрмутскиот Теснец дневно минуваат околу 20 милиони барели нафта и значителен дел од глобалните испораки на течен природен гас.

Фото: Depositphotos

Текстот Иран: Не планираме да го затвориме Oрмутскиот Теснец е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top