Иран обвинува дека САД и Израел нападнале цивилни бродови во Персискиот Залив

Иран обвинува дека САД и Израел нападнале цивилни бродови во Персискиот Залив

пред 5 часа

Иранските вооружени сили тврдат дека САД и Израел започнале напади врз невoоружени бродови во Персискиот Залив, јавува Скај Њуз.

„Поради последователните порази и неможноста да се спротивстават на силниот налет на вооружените сили на Исламска Република Иран, американско-ционистичките непријатели ги таргетираат приватните пловила и патничкиот сообраќај во Заливот“, изјави портпаролот на иранските вооружени сили.

„Предупредуваме дека, доколку се повтори оваа кукавичка агресија, ќе следуваат остри и одмазднички мерки“, додаде тој.

Противречни информации за нападот

Поморската безбедносна компанија Амбреј извести дека во четврток, американско-израелски воздушни напади биле насочени кон иранското пристаниште Бандар Ленге, кое се наоѓа на истокот од Заливот. Според нивните информации, нема пријавено жртви ниту оштетувања на трговските бродови.

Сепак, иранската државна новинска агенција Taсним јавува дека во нападот биле уништени најмалку 16 комерцијални пловила.

Текстот Иран обвинува дека САД и Израел нападнале цивилни бродови во Персискиот Залив е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top