Иран предупредува: Ако продолжат нападите врз енергетските постројки, ќе следуваат слични удари во регионот

Иран предупредува: Ако продолжат нападите врз енергетските постројки, ќе следуваат слични удари во регионот

пред 11 часа

Портпаролот на Иранската револуционерна гарда предупреди дека Иран ќе одговори со слични напади на Блискиот Исток доколку продолжат воздушните удари врз неговите енергетски постројки.

Во соопштението се наведува дека „криминалните Соединети Американски Држави и ционистичкиот режим од почетокот на агресијата врз Исламската Република Иран не постигнале ништо освен убивање невини деца, невооружени мажи и жени и цивили“.

Се додава дека, покрај убиствата на цивили, напаѓачите отишле и чекор понатаму и во нови, брутални напади гаѓале делови од енергетската инфраструктура и сервисни центри.

Иранските власти нагласија дека досега се воздржувале од слични напади, а владите на исламските земји ги повикаа итно да ги предупредат Соединетите Американски Држави и Израел за да се спречи натамошно ширење на конфликтот во регионот.

Текстот Иран предупредува: Ако продолжат нападите врз енергетските постројки, ќе следуваат слични удари во регионот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top