(Видео) Пари испаднаа од блиндирано комбе во Сан Диего, луѓето навалија

пред 2 години

Пари кои испаднале од блиндирано комбе недалеку од Сан Диего предизвикале вистински хаос меѓу луѓето, тепачки и апсења.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат расфрлани пари и луѓе кои се обидуваат да зграпчат што е можно повеќе долари по автопатот „Интерстејт 5“ во областа Сан Диего во Калифорнија, јавува Би-би-си.

Полицијата соопшти дека уапсила неколку лица и ги повикува сите што земале од парите да ги вратат.

Една од вратите на блиндираното возило се отворила на патот, поради што испаднале вреќи со готовина, а банкнотите се разлетале.

„Поради некоја причина, парите испаднаа од блиндираниот автомобил“, изјави полицаецот од патната патролата во Калифорнија, Џим Бетенкур.

„Ова е најлудото нешто што сум го видела“, вели фитнес инфлуенсерката Деми Багбијона во своето видео.

Share
Scroll to Top