Иран со предупредување дека американските воени средства ќе бидат „легитимна цел“, доколку САД ги спроведат  воените закани

Иран со предупредување дека американските воени средства ќе бидат „легитимна цел“, доколку САД ги спроведат воените закани

пред 3 часа

Иран предупреди дека американските бази, објекти и воени средства ќе бидат „легитимни цели“ доколку САД ги спроведат своите воени закани и напади.

Амир Саид Иравани, амбасадорот на Иран во Обединетите нации, ги изрази овие закани во писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и претседателот на Советот за безбедност, според АФП.

Според написите, претседателот Доналд Трамп распореди воени бродови, борбени авиони и друга воена опрема на Блискиот Исток, додека се обидува да го спречи Иран да изгради нуклеарна бомба, нешто што Техеран го негира.

Во писмото, како што наведува медиумот, се цитира објавата на Трамп на социјалните мрежи кога тој рече дека САД можеби ќе мора да користат британски воени бази, вклучително и една на остров во Индискиот Океан, „доколку Иран одлучи да не склучи договор“.

Текстот Иран со предупредување дека американските воени средства ќе бидат „легитимна цел“, доколку САД ги спроведат воените закани е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top