Иран тврди дека соборил два американски авиона во нов бран напади

Иран тврди дека соборил два американски авиона во нов бран напади

пред 5 часа

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека почнала нов бран комбинирани напади со ракети и беспилотни летала врз американски и израелски цели, при што тврди дека е соборен и американски борбен авион Ф-35, пренесе иранската агенција Тасним.

Според соопштението, нападите биле насочени кон радари, поморска опрема и израелската воздушна база Рамат Давид, а погодени биле и повеќе цели во Тел Авив.

Иран тврди дека во текот на операцијата бил уништен и радар за рано предупредување во Бахреин, како и дека противавионската одбрана соборила уште еден американски авион над централниот дел на земјата.

Според наводите, двата авиона наводно припаѓале на американски сили кои го нарушиле иранскиот воздушен простор.

Овие тврдења доаѓаат во контекст на ескалацијата меѓу Иран, САД и Израел, по серија напади и контранапади во регионот.

Текстот Иран тврди дека соборил два американски авиона во нов бран напади е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top