Цените на нафтата најверојатно ќе продолжат да растат поради политиките на САД и Израел на Блискиот Исток, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аргачи, пренесе агенцијата „Анадолија“.
„Со оглед на политиката на САД и Израел во регионот, цените најверојатно ќе продолжат да растат и во иднина“, изјави Арагчи додека присуствуваше на пропалестински марш во Техеран.
Во меѓувреме, цените на нафтата се движат околу 100 долари за барел, поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и затворањето на Ормутскиот теснец, низ кој во нормални услови поминува околу една петтина од светската нафта.
Референтната нафта Брент денес се тргуваше над 100 долари за барел, додека американската референтна нафта WTI беше околу 96 долари.
Аналитичарите предупредуваат дека цените може дополнително да растат доколку продолжат нарушувањата на транспортот низ Ормускиот теснец.
Според извештаите, од почетокот на нападите меѓу Израел, САД и Иран на 28 февруари, во конфликтот загинале околу 1300 луѓе, меѓу кои и иранскиот врховен лидер, Али Хамн.
Текстот Иран: Цените на нафтата ќе продолжат да растат поради политиките на САД и Израел е превземен од МАКФАКС.






