Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело

Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело

пред 5 часа

Телото на докторка која исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата започна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.

Смртта на докторката ја шокираше јавноста и покрена бројни прашања за човековата одговорност, системот и неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.

Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед започна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска, запуштена грмушка.

Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренерка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Откако персоналот го забележал нејзиното исчезнување, започнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.

Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.

фото: принтскрин

Текстот Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top