Историски момент – првата жена судија во Врховниот суд на Пакистан

пред 3 години

Адвокатката Ајша Малик денеска положи заклетва како судија на Врховниот суд во Пакистан, со што стана првата жена во историјата на таа земја која стигнала до највисокиот суд, јавува Анадолија.

Церемонијата на полагање заклетва беше пренесувана во живо од државните медиуми, а нејзиното назначување, иако историско, предизвика контроверзии во Пакистан.

Многу адвокати и судии се спротивставија на овој потег, тврдејќи дека е нарушен принципот на стаж, бидејќи Малик беше четврти судија на Високиот суд во Лахоре пред да биде унапреден.

Пакистанската судска комисија, деветчлено тело кое ги потврдува назначувањата, го одби нејзиното унапредување во Врховниот суд во септември минатата година.

Гласањето беше повторено на почетокот на 2022 година, па комисијата го потврди нејзиното именување со пет гласа „за“ и четири „против“.

Share
Scroll to Top