Истражување: Пандемијата ги наруши демократските принципи и човековите права во 6 од 10 земји

пред 1 година

Од Индија до САД, или од Кина до Бугарија, владите на шест од десет земји на пандемијата на Ковид-19 одговорија со проблематични мерки во однос на почитувањето на човековите права и демократските вредности, предупреди меѓувладината организација „International Idea“, специјализирана за процена на состојбата на демократијата во светот.

Во извештајот што го опфаќа скоро целиот свет, организацијата „International Idea“ заклучува дека 61 процент од земјите усвоиле мерки што се сметаат за незаконски, непропорционални, без временски ограничувања или непотребни. Демократските принципи и човековите права ги кршат 90 проценти од авторитарните режими, но исто така се забележани прекршувања во 43 проценти од демократиите, вели организација со седиште во Стокхолм .

„Беше предвидливо дека авторитарните режими, кои во својата структура имаат помалку механизми за заштита на демократските и човековите права, ќе настојуваат да ја зголемат својата моќ под изговор дека се борат против пандемија“, вели генералниот секретар на „International Idea“, Кевин Касас-Замора.

„Но, изненадува тоа што толку многу демократии донесоа проблематични мерки“, рече тој.

Индија е на првото место на светската ранг-листа на земји кои усвоија загрижувачки мерки во 9 од 22 анализирани области (слобода на движење, слобода на изразување, медиуми и сл.) и е пред Алжир и Бангладеш. По нив следуваат Кина, Египет, Малезија и Куба (7 области).

Русија е прва на списокот на европски земји затоа што донесе загрижувачки мерки во шест области и го дели тоа место со уште пет други земји во светот: Саудиска Арабија, Мјанмар, Јордан, Шри Ланка и Зимбабве.

Share

https://animedao1.com/. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

AnimeDao Dragon Ball Super (Dub)

anime online How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom

anime to watch AnimeDao JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub)

Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!!

AnimeDao Attack on Titan Season 2 (Dub)

tải go88
Scroll to Top