Италијанските болници одбиваат да ги лекуваат и оперираат невакцинираните и оние кои не биле заразени.
Откако минатата недела во емисијата „Fuori dal coro“ на италијанската телевизија „Медиасет“ беше прикажан случајот со болницата „Галеаци“ која откажа операции и лекување на лица кои немале „Супер зелена карта“ – доказ за вакцинација или за прележана инфекција со ковид, на површина излегоа и други слични случаи во други болници низ Италија.
Пациентите кои со месеци не можат да бидат оперирани и лекувани, се обратија до италијанските медиуми со цел да пренесат ситуација која и покрај пандемијата е спротивна на Хипократовата заклетва, во која меѓу другото се вели дека „лекарите ќе го лекуваат секој пациент без разлика на религија, националност, социјален статус, политичка идеологија, промовирајќи елиминација на сите форми на дискриминација во здравствената област“.
Овие пациенти со месеци чекаат да бидат лекувани и оперирани бидејќи не се вакцинирани со третата доза на вакцина против коронавирус.
Медиумите ја истражуваа ситуацијата и се уверија дека, според интерен меил што до сите вработени во болницата „Галеаци“ го испратил директорот на таа институција, професорот Фабрицио Преласко, дека сите кои немаат „Вакцинален пасош“ засега нема да подлежат на третман или операција.
Според Преласко оние кии не го комплетирале циклусот на вакцинација се сметаат за чувствителни пациенти и нивните интервенции се одложени бидејќи не се заштитени од вирусот.
Од друга страна, медиумите нагласуваат дека се познати голем број случаи на заболени од Ковид по три вакцини, меѓу кои најпознат е професорот Гали од миланската инфективна клиника Луиџи Сако, кој бил тежок и покрај целосната вакцинација.
Новинарите посетија неколку болници, со скриена камера ги снимија вработените на приемното одделение и ги прашаа дали им е потребна зелена карта за лекување, на што добија позитивни одговори. Истата ситуација се случила откако се јавиле во кол центарот на болницата.
Случајот заврши во парламентот кога неколку пратеници побараа од министерот за здравство да се обрати и да ја објасни оваа неприфатлива ситуација. Истрага покрена и јавното обвинителство.
Супер зелената пропусница е добиена по три дози вакцинација или две дози, од кои втората не смее да биде постара од четири месеци или по закрепнувањето. Тоа е потребно во Италија за нормален живот: одење во ресторани, кафулиња, базени, театри, кина, музеи, скијање и сите други активности освен одење во продавници за храна и аптеки.
Додека остатокот од Европа ги намалува забраните во борбата против Ковид-19, Италија воведува нови мерки од 1 февруари.