Италија наскоро ќе започне кампања за давање на четвртата доза од вакцината против Ковид-19 на оние над 60 години, најави италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца, откако доби „зелено светло“ од здравствените агенции на Европската унија.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Сперанца рече дека владата веќе дала одобрение за 20-те регионални администрации на Италија да започнат кампања за администрирање на четвртата доза од вакцината, по одобрение од националната медицинска агенција АИФА, објави Ројтерс.
„Сите научни докази покажуваат дека дополнителната доза од вакцината може во голема мера да ги заштити луѓето, особено слабите и постарите, од хоспитализација“, изјави Сперанца за државната телевизија Раи.
Во Италија во јули се зголеми бројот на заразени со корона вирусот.
Бројот на заразени на дневна основа минатата недела надмина 100.000 за прв пат од февруари, а се забележува и зголемување на бројот на хоспитализирани лица.