И две кинески вакцини на списокот за итно одобрување од СЗО

пред 3 години

Вакцината на американската компанија „Модерна“ би можела да се најде во списокот на препарати за итна употреба по новата анализа на стручниот тим на Светската здравствена организација (СЗО), која ќе започне в петок, 30 април, денес е во тек анализата на вакцината на кинеската компанија „Синофарм“, а на 3 мај треба да започне тестирањето на кинеската вакцина на „Синовак“, изјави претставничката на СЗО, Кристијана Линдмаер.

Шефот на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел, минатата недела изјави дека компанијата е подготвена да произведе една милијарда дози вакцини оваа година и 1,4 милијарди следната година.

„Ние сме во завршна фаза на преговори со организацијата КОВАКС (СЗО)“, рече Бансел во врска со програмата на СЗО и Сојузот за вакцинација ГАВИ за имунизацијата на граѓаните во неразвиените земји.

Share
Scroll to Top