Катаклизма на едниот крај на светот, пекол на другиот: во Бразил во сила црвен метео-аларм, температурата надмина 50 степени

Катаклизма на едниот крај на светот, пекол на другиот: во Бразил во сила црвен метео-аларм, температурата надмина 50 степени

пред 1 година

Во речиси 3.000 бразилски града и населени места во сила е црвен метео-аларм поради екстремните горештини, јавува Би-би-си.

Температурата достигна рекордни степени во областите околу градот Рио де Жанеиро, каде што надмина 52,5 Целзиусови степена.

Повеќе од сто милиони луѓе се погодени од горештините, а овој топлотен бран ќе трае до петок, 17 ноември. Надлежните веруваат дека оваа топлина е дел од феноменот Ел Нињо и последица на климатските промени.

Националниот институт за метеорологија објави дека просечната температура во Сао Пауло е 37,3 Целзиусови степени.

Институтот прогласи црвен аларм за голем дел од земјата, што значи дека температурата е над просекот 5 Целзиусови степени повеќе од пет дена и претставува опасност за здравјето на луѓето.

Екстремните временски услови стануваат сѐ почести и поостри во светот поради климатските промени, јавува Би-би-си.

Текстот Катаклизма на едниот крај на светот, пекол на другиот: во Бразил во сила црвен метео-аларм, температурата надмина 50 степени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top