Кац: Инцидентот со авионот беше обид за џихадистички терористички напад

Кац: Инцидентот со авионот беше обид за џихадистички терористички напад

пред 3 часа

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека инцидентот во авионот на компанијата „Флајдубаи“ бил „обид за џихадистички терористички напад“, наведувајќи дека израелските патници го совладале копилотот кој го нападнал пилотот со нож во обид да го сруши авионот.

„Сериозниот инцидент во авионот на компанијата „Флајдубаи“ беше обид за џихадистички терористички напад, кој беше спречен само благодарение на храброста на неколку израелски патници кои влегоа во пилотската кабина, го совладаа терористот и со свои раце ја вратија контролата врз авионот на другиот екипаж во кабината“, се вели во соопштението на Кац.

Според него, според првите информации што им се достапни на израелските власти, напаѓачот имал една намера – да го сруши авионот со сите патници, објави „Тајмс оф Израел“.

Пилот на лет од Дубаи до Тел Авив порано денес избодел друг пилот со нож и се обидел да изврши напад сличен на оној во 2001 година во Њујорк, објави израелскиот „N12“, додавајќи дека тим од други пилоти кои биле присутни меѓу патниците интервенирал и воспоставил контрола врз авионот.

„Едниот пилот го избодел другиот и се обидел да го повтори „11 септември“, односно да го киднапира авионот или да го сруши. Авионот почнал да се урива, а тимот пилоти кои биле присутни во авионот ја презеле контролата врз авионот. Драматична катастрофа е спречена“, објавува „N12“ и додава дека, според прелиминарните индикации, пилотот кој го предизвикал инцидентот е од оманско потекло, пренесува Танјуг.

Текстот Кац: Инцидентот со авионот беше обид за џихадистички терористички напад е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top