Ким Јонг Ун потврди дека земјата се соочува со сериозен недостиг од храна

пред 3 години

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун призна дека земјата се соочува со напната состојба со храна, објавија денес тамошните државни медиуми.

Северна Кореја, која се наоѓа во тешка економска состојба поради меѓународните санкции наметнати поради нејзината воена програма, веќе подолго време се соочува со сериозен недостиг на храна.

Економијата беше погодена и од пандемијата на коронавирусот , како и од временските услови, тајфуните и поплавите.

На состанокот на Централниот комитет на владејачката Работничка партија, Ким рече дека економската состојба се подобрила со зголемувањето на индустриското производство за два проценти во споредба со претходната година, пренесуваат тамошните агенции.

Сепак, севернокорејскиот лидер призна дека земјата се соочува со низа тешкотии поради многу предизвици што треба да се надминат.

„Ситуацијата со храна сега е напната, бидејќи земјоделскиот сектор не може да ја исполни својата цел да произведува житни култури поради штетите предизвикани од тајфуните минатата година“, рече Ким.

Во текот на летото на 2020 година, неколку илјади домови и обработливо земјиште беа уништени во тајфуните проследени со поплави.

Ким повика на мерки за намалување на последиците од овие природни катастрофи, велејќи дека обезбедувањето „добра жетва“ е врвен приоритет.

Share
Scroll to Top