Кинеските власти воведоа нови мерки за борба против кризата во секторот на недвижности, вклучително и намалување на партиципацијата за купување имот и охрабрување на локалните власти да купуваат непродадени имоти.
Проблемите на кинескиот пазар на недвижности имаат големо влијание врз втората по големина економија во светот бидејќи индустријата во земјата до неодамна беше клучен двигател на економскиот раст.
Народната банка на Кина (PBOC) соопшти дека ќе издвои 300 милијарди јуани (41,5 милијарда долари) за поддршка на прифатливи станови.
Текстот Кина инвестира милијарди на пазарот на недвижности поради кризата во секторот е превземен од МАКФАКС.






