Полска ќе испорача оружје за Украина

пред 2 години

Полска ќе започне со испорака на оружје за Украина следната недела, изјави денеска полскиот премиер за новинарите.

– Префрламе одбранбено оружје во Украина. Неколку десетици илјади артилериски гранати, носиме и минофрлачи и фрлачи на гранати. Првиот транспорт ќе ја напушти нашата источна граница следната недела – рече премиерот.

Претходно беше најавено дека Полска ќе префрли лесни минофрлачи, беспилотни летала и муниција во Украина.

Share
Scroll to Top