Кинескиот министер ги критикува нападите врз Иран: Светот не смее да се врати на законот на џунглата

Кинескиот министер ги критикува нападите врз Иран: Светот не смее да се врати на законот на џунглата

пред 15 часа

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, изјави дека војната на Блискиот Исток никогаш не требало да се случи.

„Ова е војна која никогаш не требаше да се случи – тоа е војна што никому не му носи добро“, изјави Ванг на прес-конференција во Пекинг.

Тој додаде дека силната тупаница не значи силна причина и дека светот не смее да се врати на законот на џунглата.

Ванг ги критикуваше американско-израелските напади врз Иран, оценувајќи дека обидите за промена на режимот нема да добијат поддршка од народот. Кина повика на прекин на огнот и запирање на војната.

Пекинг, кој е најголем увозник на иранска нафта, претходно го осуди нападот и повика на прекин на воените операции и на зачувување на безбедноста во Ормутскиот Теснец, важен за глобалната економија.

Во своето обраќање, Ванг, без директно да ги спомне САД, повика на почитување на суверенитетот на земјите на Блискиот Исток, избегнување употреба на сила, немешање во внатрешните работи на државите и политичко решавање на конфликтите.

„Обидите за промена на режимот нема да добијат поддршка од народот“, рече тој.

Ванг, кој е и член на Политбирото на Комунистичката партија на Кина, телефонски разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и со други високи дипломати веднаш по американските напади.

Фото: Depositphotos

Текстот Кинескиот министер ги критикува нападите врз Иран: Светот не смее да се врати на законот на џунглата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top