Киргистанската изборна комисија ги прогласи изборите за неважечки

пред 4 месеци

Централната изборна комисија на Киргистан (ЦИК) го прогласи резултатот од парламентарните избори на 4 октомври за неважечки, пренесува ТАСС.

„Во врска со бројните прекршувања за време на гласањето и предизборниот период, беше донесена одлука на состанокот на членовите на Централната изборна комисија да се прогласат изборите за неважечки“, изјавиле од прес-службата на Комисијата за ТАСС.

Во главниот град на Киргистан, Бишкек, избувнаа немири по резултатите од спроведените избори. Полицијата употреби и гумени куршуми, солзавец и водени топови против демонстрантите, но граѓаните на Бишкек беа решителни и упаднаа во Парламентот, пренесуваат светските агенции.

ТАСС пренесува извештај од Министерството за здравство, според кој во судирите со полицијата, кои претходеле на упадот во парламентот, биле повредени 590 лица, од кои 150 се хоспитализирани.

 

 

Share

Re:Zero kara Hajimeru Isekai Seikatsu: Shin Henshuu-ban (https://animeheaven.pro/m/AD1Y) Episode 13 at website https://animeheaven.pro animeheavenru

Log Horizon: Destruction of the Round Table (https://funimationfree.com/m/Zpqw) Episode 1 at Funimation funimation movies

Scroll to Top