Командантот на ОВК, Салих Мустафа, негира вина – обвинителството го нарече „гестапо“

пред 3 дена

Судењето на поранешниот командант на ОВК, Салих Мустафа, обвинет за злосторства на Косово и Метохија во 1999 година, запоќна денеска, со читање на обвинението од страна на Специјализираниот совет за Косово со седиште о Хаг.

Ова е прво судење на обвинет од ОВК пред овој суд, додека за другите три случаи – против Хашим Тачи, Хисник Гуцати и Насим Харадинај и Пјетaр Шаља, подготовките за судењето и натаму се во тек.

Главните точки од обвинението ги чита главниот специјализиран обвинител Џек Смит, додека Мустафа го следи судењето од судницата.

Според обвинителот, Мустафа е обвинет за индивидуална кривична одговорност и кривична одговорност како претпоставен старешина за злосторства извршени од 1 до 19 април 1999 година од страна на одредени припадници на ОВК против лица приведени на имот во Злаш, кој служел како затвор.

Мустафа рече дека разбира за што се товари, но дека нема вистина во наводите во обвинението.

„Не сум виновен за обвиненијата покренати од овдешниот гестапо“, рече Мустафа.

Тој дојде на судење во маичка и тренерка со качулка, што е невообичаена облека за во судница.

Мустафа е во притвор во Хаг од септември минатата година, и кога се појави пред судот во октомври 2020 година, тој ја негираше вината по сите точки од обвинението на Специјализираното обвинителство за Косово и објави дека, меѓу другото, ќе се брани со алиби.

Во продолжение на судењето, Специјализираното обвинителство ќе го изнесе својот воведен исказ, за ​​кој има три часа, а потоа претставникот на деветте жртви што учествуваат во постапката ќе има еден час да го претстави својот воведен исказ.

Досега, на девет лица што учествуваат во постапката им беше доделен статус на жртва, а пријавувањето и натаму е во тек.

Судскиот совет закажа неколку рочишта за септември и октомври.

Инаку, во овој случај, судиите му дадоа рок на обвинителството од 87 часа да презентира докази, а обвинителството најави дека ќе повика 16 сведоци, од кои 15 ќе сведочат во судницата во Хаг.

Обвинението против Мустафа тврди дека тој е одговорен за гореспоменатите злосторства извршени врз најмалку шест лица.

Понатаму се тврди дека еден затвореник бил убиен на таа локација помеѓу 19 април и крајот на април во 1999 година.

Тој е обвинет по четири точки за воени злосторства: произволно лишување од слобода, сурово постапување, тортура и убиство.

Судот одлучи да земе како пресудни факти 52 предлога на обвинителството во врска со формирањето на ОВК, но тие немаат директна врска со овој случај.

Пресудените факти се однесуваат на утврдени факти од други случаи што биле водени пред судовите во Косово и пред Хашкиот трибунал, а се усвоени заради економичност на постапката, беше објавено во понеделникот на веб -страницата на Специјализираниот совет.

Share

WCOStream: Nine: Original-ban anime episode Full online free at https://wcostream.cc wcostream pokemon

Website https://animekisa.in: Watch The Chair animekisa Episode Full watch anime

Website https://animeflix.nl: Watch Dragon Ball GT animeflix Episode 64 animeflix bleach

Website https://animebee.to: Watch Hit wo Nerae! animebee Episode 8 watch anime dub

Vhearts: https://vhearts.net/animefreakws

60d2a2d7b4471 site123: https://60d2a2d7b4471.site123.me/

Scroll to Top