Во текот на минатиот месец, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија вкупно 1800 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на територијата на градот Скопје.
Интервенирано е на улиците Христо Батанџиев, Воин Драшковиќ и Борис Сарафов во скопската општина Ѓорче Петров, на улиците Васил Чакаларов и Теодосие Гологанов, како и во населбата Жданец во општината Карпош, на паркинг просторот пред скопските гробишта во општината Бутел, на повеќе локации во општините Аеродром и Кисела Вода, на улиците Вуковарска, Џон Кенеди и на булеварот Македонско-косовска бригада во општината Чаир, како и на булеварот Партизански одреди во скопската општина Центар.
Воедно, за време на изминатиов викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа приближно 20 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) спроти Амбасадата на САД.
Текстот Комунална во мај подигна 1.800 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје е превземен од МАКФАКС.