Пожар во наоѓалиште за нафта во Русија, има повредени

пред 3 години

Најмалку еден човек е повреден во пожар, што избил на наоѓалиште за нафта во рускиот регион Оренбург.

Како што е соопштемно за ТАСС од руското Министерство за вонредни ситуации, во гаснењето на огнот учествувале 50 лица и 14 единици со техничка опрема. Според официјален претставник, пожарот не претставува закана по локалното население.

Во тек е истрага за причините за пожарот.

Share
Scroll to Top