Коронавирус со непознато потекло го затвора најголемиот град во Нов Зеланд

пред 4 години

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, објави дека најголемиот град во земјата, Окленд, ќе биде затворен една недела поради појава на коронавирус од непознато потекло.

Окленд ќе биде во карантин од недела, откако во градот беше регистриран случај на коронавирус од непознато потекло.

Во остатокот од Нов Зеланд ќе биде на сила вториот степен на ограничувања, што, меѓу другото, значи и забрана за собирање, рече Ардерн.

Во средината на февруари, скоро два милиони жители на Окленд беа ставени во ненадејна тридневна блокада откако кај тричлено семејство беше регистриран британскиот вид на Ковид-19.

Share
Scroll to Top