Лондон: Водостојот на реките расте,се зголемува опасноста од поплави

пред 2 години

Во Лондон постои висок ризик од давење луѓе бидејќи се зголемува ризикот од големи поплави во градот поради климатските промени, предупреди работната група на градскиот совет.

Според извештајот на работната група, опасноста е особено сериозна бидејќи нема генерален план или надлежност за решавање на се поголемата опасност од поплави во градот, пренесува Гардијан.

Работната група претходно го презентираше својот извештај пред Советот на Лондон, меѓупартиска група која претставуваат 32 општини во главниот град.

Share
Scroll to Top