Кремљ: Путин му кажал на Трамп дека го менува својот став по нападот со беспилотни летала

Кремљ: Путин му кажал на Трамп дека го менува својот став по нападот со беспилотни летала

пред 5 часа

Рускиот претседател Владимир Путин му кажал на американскиот претседател Доналд Трамп дека Русија го преиспитува својот став за мировниот договор по наводниот напад со беспилотни летала врз претседателската резиденција, соопшти Кремљ.

Според Кремљ, Путин го информирал Трамп за нападот за време на денешниот телефонски разговор и му рекол дека токму овој инцидент довел до промена на ставот на Русија во мировните преговори.

Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека Путин нагласил дека Русија сè уште сака да соработува со САД за мировен договор, но дека нападот ја принудил Москва да ја ревидира својата преговарачка позиција.

Текстот Кремљ: Путин му кажал на Трамп дека го менува својот став по нападот со беспилотни летала е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top