Кремљ реагираше откако Бајден го нарече Путин воен злосторник

пред 3 години

Откако претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека смета дека Владимир Путин, лидерот на Руската Федерација е воен злосторник, не требаше многу да дојде реакција од Кремљ.

Според новинската агенција ТАСС, Кремљ вели дека коментарите на Бајден се „неприфатлива и непростлива реторика“.

– Сметаме дека таквата реторика е неприфатлива и непростлива од шефот на државата, чии бомби убиле стотици илјади луѓе ширум светот – изјави портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

Share
Scroll to Top