Кремљ ја коментира вербалната војна Трамп – Маск

Кремљ ја коментира вербалната војна Трамп – Маск

пред 1 ден

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека се сомнева дека контроверзноста меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск ќе има какво било влијание врз решавањето на украинската криза.

Зборувајќи на прес-конференција во Москва, Песков одби да коментира за вербалните судири меѓу Трамп и Маск, опишувајќи ги како „внатрешна работа на Соединетите Американски Држави“.

„Претседателите на државите се истовремено вклучени во огромен број различни прашања, повеќе или помалку важни“, рече Песков, додавајќи дека „шефовите на државите имаат доволно време за сè“.

Тој, исто така, не се согласи со описот на војната во Украина од страна на Трамп како „детски борби“.

„За нас, ова е егзистенцијално прашање, прашање на нашите национални интереси, нашата безбедност, нашата иднина и иднината на нашите деца, иднината на нашата земја“, нагласи Песков.

Текстот Кремљ ја коментира вербалната војна Трамп – Маск е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top