Куба на раб на колапс под притисок од САД: „Не можеме повеќе да издржиме“

Куба на раб на колапс под притисок од САД: „Не можеме повеќе да издржиме“

пред 5 часа

Куба се соочува со тешка економска и енергетска криза под засилен притисок од Соединетите Американски Држави, пренесува Си-Ен-Ен.

Еден жител на Хавана за медиумот изјавил дека луѓето повеќе не можат да издржат и дека многумина не можат да ги прехранат своите семејства.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Куба наскоро ќе падне“, додека неговата администрација дополнително го засилува притисокот врз островот.

Според извештајот, по американските операции против Венецуела и притисокот врз други земји, Куба останала без доволно снабдување со нафта. Поради тоа, на островот има чести и долги прекини на струјата, кои понекогаш траат со денови.

Недостигот на гориво речиси го запрел сообраќајот, а цената на горивото на црниот пазар достигнала повеќе од 300 долари за резервоар – сума што е поголема од годишната заработка на многу Кубанци.

Во меѓувреме, празни хотели, недостиг од туристи и луѓе кои бараат храна по контејнери стануваат сè почеста глетка, додека дел од населението се надева на каква било промена.

Фото: depositphotos

Текстот Куба на раб на колапс под притисок од САД: „Не можеме повеќе да издржиме“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top