Кулеба: Ќе лобираме за членство на Украина во ЕУ, како и за воведување нови санкции кон Русија

пред 4 години

За време на денешната посета на Берлин, украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, го пофали одговорот на Германија на војната со Русија велејќи дека земјата сега го презеде водството по тензиите меѓу Берлин и Киев.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Во интервју за германската телевизија АРД, Кулеба рече дека се случиле позитивни промени по одлуката на Германија да ѝ испорача тешко оружје на Украина и го поддржа предложеното ембарго на ЕУ за руската нафта по притисокот од сојузниците.

За време на посетата на министерот за надворешни работи на Украина, која вклучува и негово учество на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 на балтичкиот брег на Германија, Кулеба рече дека планира да лобира за членство на Украина во ЕУ, како и да воведе нови санкции кон Русија, пренесува „Ројтерс“.

Share
Scroll to Top