Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, одбегнал да го коментира историскиот дебакл на сестринските ЦДУ/ЦСУ на парламентарните избори во Германија, а ниту му ја честитал победата на изборите на шефот на СПД, Олаф Шолц.
Како што пренесуваат австриските медиуми, реакцијата на Курц по однос на ова прашање била воздржана.
„Исходот од изборите во Германија остава можност за разни констелации, а во наредните недели ќе се покаже кој ќе го постави канцеларот“, изјавил Курц за агенцијата АПА.