Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека земјата се соочува со нова фаза на процесот на вакцинација.
„Досега, бројот на вакцини беше ограничен и со тоа побарувачката го надминува снабдувањето. Ситуацијата ќе се промени во наредните денови и ќе имаме повеќе од милион дози во следните две недели за оние кои ја примаат првата доза. Во некои провинции ќе има повеќе вакцини отколку што во моментот има заинтересирани за вакцинација“, објасни Курц.
Тој посочи дека епидемиолошката состојба во моментот е поволна, што овозможува враќање во нормала, но предупредува на ширење на делта вирусот.
„Ние ја сфаќаме ситуацијата многу сериозно, но нема причина за паника “, објасни австрискиот канцелар, наведувајќи дека добрата вест е дека вакцината работи и против овој вид.
Курц рече дека оние кои се вакцинирани се безбедни и апелира до граѓаните да закажат за вакцинација, бидејќи ќе има доволно достапни вакцини.