Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на денешната прес-конференција на која присуствуваат и странски новинари, меѓудругото рече дека разговарал за можноста за нуклеарна војна.
„ Но тоа не го прави Русија, туку НАТО и Украина“ рече Лавров.
Тој нагласи дека нивната цел е да се ослободат од нацистите во Украина.
LIVE: Russian Foreign Minister Sergei Lavrov speaks to media https://t.co/0kOyejRLo9
— PresserWatch (@PresserWatch) March 3, 2022
„ Сигурен сум дека нашите партнери од Запад ќе се смират и ќе бараат решение преку дијалог. Западот не треба да одлучува за нашата безбедност. Западот се обидува да наметне сопствена слика за иднината на Европа“ рече Лавров и додаде дека преговорите меѓу украинските и руските сили ќе се одржат денеска.
На конференцијата Лавров ја спореди Америка со нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер.
„ Америка им диктира на Германците што е добро за европската енергетска безбедност. Велат дека не им треба гасоводот Северен тек 2 и тврдат дека Америка ќе обезбеди енергетска безбедност, која е неколкукратно поскапа“ рече Лавров.
„ Наполеон и Хитлер имаа за цел да ја стават цела Европа под своја контрола. Сега тоа го сакаат Американците. Во филмовите имате слика на апсолутно зло и апсолутно добро. Слична е и глобалната слика. Верувам дека хистеријата ќе престане “ рече тој.