Лауреатите ќе ја примат Нобеловата награда во својата татковина

пред 4 години

Нобеловите награди годинава на лауреатите ќе им бидат доделени во нивната татковина, на места одредени од шведските дипломати.

Ваквиот начин на одржување на настанот е во согласност со локалните рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на Ковид-19.

Церемониите ќе се одржат на 7 и 8 декември, а ограничен ќе биде и бројот на гости.

„Церемониите ќе траат кратко, а медалите и дипломите ќе бидат поставени на маса, со употреба на ракавици“, се наведува во соопшението од Фондацијата.

Традиционалните предавања ќе бидат пренесувани на 8 декември на интернет-страницата на Нобеловата фондација, како и концертот од Концертната сала во Стокхолм, што ќе се одржи без публика.

Share
Scroll to Top