Лајчак: Можна е нормализација на односите меѓу Србија и Косово

пред 2 години

Европската Унија е убедена дека сеопфатно нормализирање на односите меѓу Косово и Србија е апсолутно можно, тоа е во нивен интерес, во интерес на целиот регион и самата Унија, оцени специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.
Лајчак објасни дека ЕУ е медијатор во тој дијалог, и според него таа не наметнува ништо, туку посредува во преговорите со цел да се најде заемно прифатливо решение за различните елементи на сеопфатниот договор за нормализација.
„Во право сте дека темата дискутирана од септември се однесува на меѓусебни финансиски побарувања и имотни проблеми. Ние веќе имавме три рунди дискусии на ниво на главни преговарачи минатата година, што им овозможи на страните да разменат мислења и одржавме воведни дискусии за ова многу сложено и чувствително прашање“, рече Лајчак.

„Подготвени сме да продолжиме веднаш штом новата влада во Приштина стапи на должност“, додаде тој.

Посочи дека ЕУ и САД имаат долга и продуктивна историја на тесна соработка на Западен Балкан и во процесот на нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.

„Оваа соработка донесе опипливи позитивни резултати во последниве години и јас сум во чест контакт со моите американски колеги, со цел да подготвиме заедничка стратегија и заеднички активности, и со нетрпение очекуваме обнова на поблиска трансатлантска соработка“, истакна специјалниот претставник.

На прашањето кој треба да биде главниот елемент на договорот за сеопфатна нормализација, Лајчак објасни дека страните се договориле за главните елементи на договорот за сеопфатна нормализација во јули.

„Некои веќе ги знаете затоа што беа дискутирани или заклучени во текот на летото 2020 година. Останатите ќе бидат дел од нашите идни разговори“, изјави Лајчак.

Share
Scroll to Top