Лукашенко: Нема да нападнеме никого, но сме должни да ја осигураме безбедноста на Белорусија

Лукашенко: Нема да нападнеме никого, но сме должни да ја осигураме безбедноста на Белорусија

пред 3 часа

Белорусија нема намера да нападне никого, но е должна да ја обезбеди сопствената безбедност, изјави денес белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Некои нè обвинуваат дека планираме да нападнеме некого утре. Повторувам, немаме намера да нападнеме никого, ние сме прагматичари. Разбираме дека ако нападнеме некого, да речеме еден од нашите соседи, тоа би било еднакво на смрт“, рече Лукашенко за време на состанокот со воениот персонал, пренесува „Белта“.

Како што вели, Белорусија е должна да го брани секој сантиметар, секој милиметар од својата земја, своето население и да ја обезбеди безбедноста.

„Тоа е наша задача, без оглед на цената. Дури и ако нè чини животи. Мора да се подготвиме за ова и се подготвуваме. И нека не мислат ниту Полјаците, ниту Литванците, ниту Летонците, ниту, особено, Украинците, дека ќе ги нападнеме утре. Не, се подготвуваме за каква било војна за да ја избегнеме“, изјави тој.

Како што на состанокот извести началникот на Генералштабот на вооружените сили и прв заменик-министер за одбрана Павел Муравејко, специјалната оперативна вежба на комуникациските трупи на вооружените сили започна на 7 септември и продолжува до денес.

Целта на вежбата е да се вежбаат опции за обезбедување стабилна команда и контрола на воената организација на државата со користење на нови техники и методи на комуникација врз основа на искуството од современите конфликти.

Текстот Лукашенко: Нема да нападнеме никого, но сме должни да ја осигураме безбедноста на Белорусија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top