Македонски државјанин уапсен во Грција, возел 223 километри на час, кадешто било дозволено 110

Македонски државјанин уапсен во Грција, возел 223 километри на час, кадешто било дозволено 110

пред 6 часа

Возач на мотоцикл е уапсен за опасно возење, бидејќи на магистралниот пат Солун -Евзони достигнал брзина од 223 километри на час, со дозволена брзина од 110 километри на час.

Станува збор за 49-годишен државјанин на Северна Македонија, пишува „Прототема“,

Неговата брзина била регистрирана од радарски уред на Тимот за контрола и спречување на сообраќајни несреќи при Одделот за сообраќајна полиција во Кукуш.

Државната телевизија ЕРТ објави дека му се одземени возачката дозвола и регистарските таблици, изречена му е казна од 700 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител.

Текстот Македонски државјанин уапсен во Грција, возел 223 километри на час, кадешто било дозволено 110 е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top