Макрон: Важно е Русија да не биде понижена

пред 3 години

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека е од витално значење Русија да не биде понижена за да може по завршувањето на конфликтот во Украина да се најде дипломатско решение.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Не смееме да ја понижуваме Русија за да можеме на денот кога ќе престанат борбите, да изградиме излезна стратегија преку дипломатија“, рече Макрон во интервју за регионалните весници, пренесува Ројтерс.

Претседателот на Франција, кој од почетокот на конфликтот во Украина се обидува да одржи дијалог со Владимир Путин, изјави дека на претседателот на Русија му пренел оти смета дека прави историска и суштинска грешка на штета на неговата сопствените луѓе и себеси.

Share
Scroll to Top