Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска, по договорот на лидерите на Европската унија за шестиот пакет санкции против Русија, дека дополнителните санкции не треба да бидат отпишани во наредните недели, пренесе Ројтерс.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Тој за новинарите по самитот во Брисел изјави дека се надева оти ќе се постигне договор со Русија за извоз на украинска храна во наредните денови и недели, наведувајќи дека неодамнешните разговори со рускиот и турскиот претседател за тоа прашање се позитивен знак.
За време на последниот разговор на Макрон со рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц, Макрон рече дека на Путин му понудил нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН со која ќе се направи план за извоз на украински житарки од блокираните украински пристаништа, пренесе Танјуг.