Масовна евакуација во Германија: американски бомби во центарот на Келн, 20.000 луѓе во опасната зона

Масовна евакуација во Германија: американски бомби во центарот на Келн, 20.000 луѓе во опасната зона

пред 11 месеци

Голем дел од центарот на германскиот град Келн беше затворен во средата бидејќи експертите за експлозиви се подготвуваа да деактивираат три бомби останати од Втората светска војна.

Операцијата во градот, каде што со години се пронајдени многу бомби, е една од најголемите досега спроведени, а на речиси 20.000 луѓе им е наредено да ја напуштат областа, пишува „Дојче веле“.

Евакуираната област го вклучува целиот стар дел од градот, 58 хотели, три моста на Рајна, градското собрание, железничката станица во округот Дејц, кој се наоѓа преку Рајна од центарот на градот, музеи, болница и два дома за стари лица.

Сепак, главната знаменитост на градот, Келнската катедрала, се наоѓа веднаш надвор од опасната зона.

Германската железничка корпорација „Дојче бан“ предупреди дека многу возови ќе бидат пренасочени или дури и откажани, а патниот сообраќај е исто така сериозно нарушен.

Станува збор за две бомби од 90 килограми и една бомба од 45 килограми, сите произведени во САД, кои беа откриени во понеделникот во Дојц.

Во соопштението на веб-страницата на Градот Келн беше наведено: „Евакуацијата е најголемата ваква мерка од крајот на Втората светска војна. Сите вклучени се надеваат дека деактивацијата ќе биде завршена в среда“.

Текстот Масовна евакуација во Германија: американски бомби во центарот на Келн, 20.000 луѓе во опасната зона е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top