Масовно пукање во бар во Јужна Африка, убиени 14 лица

пред 2 години

Во престрелка во бар во Совето, предградие на Јоханесбург, Јужна Африка, загинаа 14 лица, а три лица се во критична состојба, извести полицијата.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Според полициското соопштение, тие ги истражуваат извештаите дека група мажи пристигнале со минибус и отвориле оган врз некои од посетителите на барот синоќа, пренесува агенцијата АП.

Полицијата утрово ги вадеше телата на починатите и истражува што довело до масовното пукање.

Тројца тешко повредени и уште едно повредено лице се пренесени во болница.

„Бројот на куршуми пронајдени на местото на настанот укажува на тоа дека група луѓе пукале во гостите“, рече полицискиот комесар на провинцијата Гаутенг, Елиас Мавела.

Тој додаде дека во моментов ги немаат сите детали за тоа кој би бил мотивот за пукањето.

„Можете да видите дека било употребено огнено оружје со висок калибар и дека било пукано по случаен избор, и дека секој од тие луѓе се мачел да излезе од барот“, изјави Мавела за АП.

Share
Scroll to Top