Масовно тестирање во Кина поради зголемување на бројот на новозаразени со Ковид-19

пред 4 години

Во Кина, во последните 24 часа се потврдени 103 нови случаи на коронавирус, од кои 94 се локални преноси.

Поради повторното појавување на нови случаи во Кина, масовното тестирање на коронавирус е започнато во Пекинг, додека тестирањето на сите здравствени работници е започнато во Шангај, пренесува „Ројтерс“.

Во провинцијата Хајлонгџијанг, сите нови случаи и асимптоматски случаи се поврзани со фабриката за преработка на месо и се смета дека тоа е првиот кластер на случаи во Кина.

Десетици милиони жители на северните провинции на Кина се наоѓаат во еден вид блокада.

Од почетокот на епидемијата на коронавирусот во Кина, крајот на 2019 година, во Кина се потврдени 88.804 случаи на заболување и 4.635 смртни случаи.

Share
Scroll to Top