Мелони: Европската Унија делува неусогласено во преговорите за Украина

Мелони: Европската Унија делува неусогласено во преговорите за Украина

пред 2 часа

Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја критикуваше неусогласеноста на Европската Унија во преговорите за завршување на војната во Украина и побара лидерите на земјите членки да одлучат кој ќе ја претставува Унијата на преговарачката маса, се наведува во нејзиното писмо до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во кое увид имала агенцијата АФП.

Мелони предупредила дека одржувањето бројни состаноци во различни формати, без јасен договор за улогата на ЕУ, остава впечаток на несериозност и го нарушува кредибилитетот на европските дипломатски напори.

Како примери ги навела неодамнешните разговори во Мајами и Осло, како и состаноците во Брисел, на кои учествувале претставници на Украина, САД, европските земји, НАТО и ЕУ.

Според неа, ваквиот пристап им оди во прилог на оние што сакаат продолжување на војната. Затоа побарала европските лидери на состанокот во Даблин овој месец да разговараат за тоа кој ќе ја претставува Унијата и со какви овластувања, а конечната одлука да ја донесат на декемврискиот самит.

Мелони нагласила дека не бара посебна улога ниту за себе ниту за Италија.

Кошта ја поддржал потребата од единствен и координиран настап на ЕУ и најавил дека прашањето ќе биде ставено на дневен ред на следниот состанок на европските лидери.

Според АФП, европските земји настојуваат да го зголемат своето влијание во американските дипломатски напори за завршување на војната во Украина.

Текстот Мелони: Европската Унија делува неусогласено во преговорите за Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top